Подгорица – Папата Франциск ќе ја посети Црна Гора следната година. Посетата на поглаварот на Католичката црква има историско значење за нашата земја, се наведува во статусот објавен на страницата на Владата на Црна Гора. На средбата меѓу папата Франциск и Душко Маровиќ, премиерот на ЦГ, посебно била истакната вредноста на меѓуетничкиот и меѓуверскиот соживот.
(РТЦГ)

Тирана – Албанското обвинителство издаде 17 налози за апсење под обвинение за убиство и злоупотреба на службената положба поради смртта на 51 лице во земјотресот со јачина од 6,4 степени минатиот месец, кога се срушија десетици згради, соопшти полицијата. Од деветте уапсени лица, двајца се сопственици на два хотела што се урнаа во Драч кога загинаа четири лица, а третиот е менаџер на хотели што бил наменет за одмор на полицијата и во кој загина високорангиран полициски службеник. („Ројтерс“)

Приштина – Состанокот на лидерите на двете партии победнички на октомвриските парламентарни избори во Косово, Албин Курти на движењето Самоопределување и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово, што се одржа во саботата, како и неколкуте претходни обиди, заврши без договор за формирање заедничка влада. (МИА)