Атина – Лидерот на грчката крајно десничарска политичка партија Златна зора, Никос Михалолилакос, на вчерашното судење во Атина се изјасни за невин по обвинението, додавајќи дека е жртва на политички заговор. Михалолилакос се најде пред суд поради убиство на музичарот Павлос Фисас, кое го изврши приврзаник на неговата партија. (Аласат М)

Никшиќ – Обилни врнежи предизвикаа сериозни проблеми за граѓаните и властите во Црна Гора. Од своите корита се излеаја повеќе реки, а поплавени се повеќе домови и деловни објекти. Најкритично е во Никшиќ и Горно Поле, каде што сообраќајот речиси целосно е блокиран. (РТЦГ)

Приштина – Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) еден месец по гласањето на вонредните парламентарни избори ќе ги објави конечните резултати, според кои се очекува досега опозициските Движење самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) заедно да имаат мнозинство од 61 пратеник во Собранието на Косово. („Зери“)