Атина – Еден од основачите на Златна зора и втор човек во партијата, осуден на 13 години затвор за формирање криминална организација, Христос Папас, според грчката телевизија Стар, се крие во манастир во Србија, каде што нелегално стигнал преку Македонија. Грчката телевизија Стар објави дека тој со фалсификувани документи, преправен во монах, стигнал до Србија. Истрагата е фокусирана на српски манастири што имаат блиски односи со грчки монаси, кои се водат според стариот календар. („Курир“)

Љубљана – Словенија добива нова авиокомпанија наречена, која во почетната фаза ќе нуди главно чартер-летови. Новата компанија најпрво ќе се фокусира на пазарите на ЕУ и планира да го започне својот прв комерцијален лет со употреба на сопствен сертификат за авијација на почетокот на јуни оваа година. Авиокомпанија со седиште во Трбовље има искусни пилоти и инструктори на патнички авиони. („Локално“)

Тирана – Во Албанија лани биле склучени околу 17.500 илјади брака, што преставува пад од 22 отсто. Ова е најмал број на браковите од 1990 година, кога имало над 30.000. Во декември бројот на бракови е помал за 13,4 отсто, поради ограничувањата за патување и неможноста на емигрантите да дојдат во родниот крај, како резултат на зајакнатите мерки против епидемијата. („Нетпрес“)


Бисер балкански

Дискриминација на криминалот

– Каде живеете вие? Секој има име и презиме, тоа што го прави Владата е да се пресмета на еден начин со тие поединечни појави. Нема место за какво било насилство и коруптивно однесување. Погледнете ги сите случаи што внатре во партиските тела доживеале епилог. Не е добро да се генерализира затоа што тоа значи дискриминација. Зборувам за групата што во овој контекст е дискриминирана. Овде станува збор за дискриминација, доколку имате констатација дека не е дозволено да се дискриминираат луѓе според одредени критериуми, вклучувајќи и поради нивното политичко определување – вели Давор Божовиќ, министер за внатрешни работи и шеф на Националниот штаб за спречување на епидемијата на коронавирусот, на прашањето на новинарот на Н1, за сѐ поголемиот број случаи на криминал во кои се споменуваат и лица од ХДЗ.