Приштина – Хашим Тачи поднесува оставка од функцијата претседател на Косово. Одлуката следува по соопштување на обвинението од Хаг. Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека обвинението на Специјализираното обвинителство во Хаг е потврдено и против него, како и против претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, Специјалниот суд во Хаг за злосторствата на ОВК го потврдил обвинението, соопштиле од партијата.
Поранешниот претседател на косовското собрание Кадри Весели, кој бил шеф на тајната служба на ОВК, најавил дека сам ќе се предаде во судот во Хаг.
Двајцата политичари се обвинети за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, како убиство, измачувања, прогон, киднапирање. (ТВ 21)


Бисер балкански

Антибирократска револуција по Газиместан

– Гледајќи го преносот од погребот, сето тоа ме потсетува како да станува збор за втора антибирократска револуција. Ова, по Газиместан, е најизразен политички настан и силна хомогенизација на Србите во Црна Гора и придонесува за голема поделба во таа земја – изјави историчарката Латинка Перовиќ, која ја коментираше сценографијата од погребувањето на црногорско-приморскиот митрополит на Српската православна црква Амфилохиј, на седницата на Политичкиот совет за Граѓански демократски фронт.
Според нејзината оцена, во Србија не се случиле промени во политиката од осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век. Особено ги акцентира изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, дека неговата земја има „многу посилна војска од некогашната југословенска“.