Атина – Во инцидентите што завчера се случија пред грчкиот парламент за време на протестот против новиот закон за демонстрации, штрајкови и собири, повредени се шест полицајци, а уапсени се деветмина. Министерот за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис, во чија надлежност е полицијата, рече дека имало „убиствен напад врз полицајците од насилници“. Тој објасни дека илјада лица ги нападнале полициските сили, фрлиле 15 молотови коктели, а полицијата одговорила со солзавец „за да нема повредени, за да нема штета на имоти и физички повреди и на полицајците и на демонстрантите“. (МИА)

Сараево – Еврокомесарот за проширување се обрати пред Европскиот парламент на комеморацијата на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница, нарекувајќи ја „отворената рана“ на Европа.
– Европа потфрли во Сребреница и сега се соочуваме со нашиот срам. Геноцидот останува отворена рана во срцето на Европа и продолжува да нѐ прогонува, продолжува да нѐ потсетува на нашата заедничка одговорност, наша обврска е да се сеќаваме на Сребреница засекогаш, наша должност исто така е да се осигуриме дека ќе биде донесена правда – рече еврокомесарот за проширување. („Алсат“)


Бисер балкански

Предизборна статистика

– Ние апсолутно точно пресметавме. Знаевме дека ХДЗ ќе биде победник, прашање беше со колку мандати. Според нашите бројки, 50,6 отсто од избирачите се одлучуваат многу пред изборите. А од оние што излегуваат на избори, само 49 отсто велат дека „знаат за кого ќе гласаат и нема веројатност да го сменат своето мислење“. Тоа значи, 51 отсто се подложни да го сменат своето мислење. Тоа значи дека кампањата ако добро се направи, може да влијае на 51 отсто од избирачите. Ние сме во предност од агенциите што прават анкети за пари и не можат да управуваат со кампањата. Но кога ќе ги видиш и двете работи, како ние, тогаш сме во тројна предност. Агенциите за испитување на јавното мислење го ловат моментот, а работите се менуваат на дневна основа. Класичното поимање на трендовите веќе не се доволни. Никој не го виде моментот дека 55,8 отсто од гласачите се незадоволни од опозицијата – рече Роберт Копал, за изборната кампања на ХДЗ, која освои убедлива победа над опозицијата. Тој беше задолжен за подобрување на партиската стратегија и аналитиката на изборните активности во Хрватска.