Белград – Авиокомпанијата „Ер Србија“ објави дека ќе ги пpeкине летовите кон Италија од аеродромот во Ниш, додека, пак, летовите од аеродромот во Белград ќе бидат рeдуцирани поради eпидемијата на виpyсот ковид 19, од денеска до крајот на март. (РТС)

Тирана – По прекинот на авионскиот сообраќај од аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана, кон северниот дел на Италија, албанските власти целосно го забранија и поморскиот сообраќај. Наредбата за укинување на поморските линии ја потпиша министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балаку. („Курир“)

Алсат – Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата влада врши сериозни подготовки за поднесување тужба за геноцид против Србија пред Меѓународниот суд на правдата. Тој најави дека во дијалогот со Белград ќе бара Србија да преземе одговорност за сите штети што ги предизвикала на Косово и ќе бара правда за преживеаните жртви на сексуалното насилство. („Алсат“)

Мостар – Работниците во мостарските комунални претпријатија од вчера почнаа да ги чистат градските улици, кои во последните 16 дена беа пренатрупани со смет. Несобирањето на комуналниот отпад беше поради блокадата на регионалната депонија Уборак, на 22 февруари годинава. (Н1)


Бисер балкански

Ништо насила

– Целосно се согласувам со изјавата на Албин Курти за тоа дека ништо што е донесено под притисок не вреди. Но уште помалку вреди сѐ што е резултат на директна сила, како што беше случај со одземањето на Косово од Србија со агресија на НАТО. Оваа изјава на Курти ќе ја повторувам секаде, бидејќи таа подразбира дека уште помалку вреди сѐ што е добиено насила – рече Александар Вучиќ, претседател на Србија, кој изјави за тоа дека „единствено во едно се согласува со Курти“.
Курти во текст за „Франфуртер алемајне цајтунг“ рече дека потписот под нешто или согласност на нешто што е добиено со закани и притисоци не може и нема валидност и легитимност, а се однесуваше на последните закани од САД за воведување економски санкции кон Косово.