Бисер балкански

– Можам само да го искажам впечатокот дека под притисокот на шовинизмот, некои политички актери во кампањата за овие избори ги обновија омразата и насилноста на некои групи. И ние Србите во Хрватска, а и Хрватска сѐ потешко дише. Како оној Афроамериканецот поради кого се крена цела Америка и ѝ се приклучи добар дел од светот, а и ние од Загреб пред неколку дена – изјави Милорад Пуповац, претседател на СДСС, партија на српското малцинство, по скандалозните и навредливи транспаренти на група навивачи во Хрватска, упатени кон српската заедница.
Навредливи пароли со националистичка содржина беа испишани и на една зграда во Загреб.


Приштина – Жена на 74-годишна возраст од Призрен почина на Инфективната клиника при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, со што бројката на жртви од новиот коронавирус во земјата се искачи на 33. Од почетокот на пандемијата во Косово се регистрирани 1.384 заболени од ковид-19, од кои како излекувани се водат 928 лица. Активни носители на вирусот се 476 лица. („Алсат“)

Тирана – Царинските работници во најголемото албанско пристаниште Драч заплениле над два милиона евра готовина, кои не биле пријавени, јавуваат албанските медиуми. Парите биле скриени во камион со приколка со сообраќајни ознаки на Тирана, кој транспортирал стока од Драч за Бари. Парите биле откриени при рутинска контрола, по пристигнување на возилото со траект, кој плови на релацијата Бари – Драч. („Макфакс“)

Загреб – Загрепската полиција спроведува кривична истрага против шест лица поради навредлив навивачки транспарент што повикува на етничко насилство врз српските жени и деца. Ова го соопшти полициската управа во Загреб. („Вечерњи“)