Белград – Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека финансиските и имотните побарувања биле разгледани на состанокот на преговарачите меѓу двете страни во Брисел. Делегациите на Белград и на Приштина по завчерашната средба потврдија дека е договорено разговорите на ниво на експерти да продолжат и по празниците, во јануари. (РТС)

Тирана – Во третиот квартал е забележан пораст на депозитите на албанските емигранти откако нагло се намалија во второто тромесечје, кога Европа беше речиси во целосна изолација, соопшти Централната банка на Албанија. Според Централната банка на Албанија, депозитите на емигрантите изнесуваат 197 милиони евра, што е пораст за 6,5 проценти споредено со истиот период лани. Тоа е највисоко ниво на депозити во овој квартал од 2008 година. („Опсервер“)


Бисер балкански

Кој е виновен?

– Има ли уште во СДА некој со чесна босанска душа, по која нѐ препознаваше светот некогаш? Има ли уште малку но недоволно за победнички пехар, како некогаш? Не си ти, Бакир, самиот виновен што чесната босанска душа црвенее од срам поради нечесната работа на некои членови на СДА. Виновни сме сите, затоа што дозволивме во нас да изумира босанскиот дух. Но ти си виновен најмногу што остана најблизок до пехарот што го дупнуваа тие внатре и тие однадвор, но ни ти не умееше или не сакаше да го спречиш тоа што го работеа – порака на Мустафа Цериќ, поранешен реис ул улема на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, упатена до Бакир Изетбеговиќ, лидер на СДА, во која го посочува како одговорен за состојбата во земјата и во партијата, која ја губи довербата на граѓаните.