Загреб – Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, изјави дека годинава притисокот на мигрантите на хрватската граница од БиХ е 20 проценти поголем. Тој рече дека има околу 10.000 мигранти на подрачјето на Унско-санскиот кантон во БиХ.
– Како и секогаш, хрватската полиција е на висина на задачата, спречува нелегална миграција и многу би ни помогнало ако Босна и Херцеговина го контролира нивното влегување на нејзината територија – изјави министерот Божиновиќ. (Н1)

Атина – Решенијата на разликите за резервите на природен гас во источниот Медитеран може да се најдат само врз основа на меѓународното право и преку искрен дијалог, прозорците за дијалог меѓу Грција и Турција треба да се отворат и да останат отворени, рече утрово министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас, во пресрет на неговите средби во Грција и во Турција.
Шефот на германската дипломатија, кој и минатиот месец беше во Грција, вчера во Атина одржа средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. (МИА)

Тирана – Албанскиот претседател Илир Мета во објава на Фејсбук наведува дека заминувањето на младите од земјата е рак-рана на албанското општество.
Поради масовното заминување, пред сѐ, во западноевропските земји, во многу сектори во земјата веќе се чувствува недостиг од работна сила. („Опсервер“)


Бисер балкански

Интересен мигрант

– Многу ми беше важно главниот лик да биде имигрант што не доаѓа од некоја интересна земја, како на пример од Англија, САД или Франција. Едноставно, Германците во нивното општество полесно ги прифаќаат луѓето од овие земји. За локалното население во Германија луѓето од Косово, БиХ или од Турција се странци. Мислам дека овие предрасуди се втемелени на тоа колку е богата земјата од која странците доаѓаат и поради тоа ми беше важно главниот лик во филмот да биде со потекло од една од овие сиромашни земји – објави Висар Морина, косовски режисер со адреса во Германија, за неговиот филм „Егзил“, кој ја доби највисоката награда на фестивалот во Сараево.
Во филмот се следи психолошката приказна на доселеник, кој се соочува со проблеми во интеграцијата, латентниот расизам, ирационалните ставови што поминуваат во параноја и за тоа што значи да се биде аутсајдер во странство. Главниот лик во оваа приказна е Џафер, инженер по фармација од Косово, кој живее и работи во Германија