Атина – Грчкиот министер за одбрана, Никос Панагиотопулос, соопшти дека задолжителниот воен рок наскоро ќе биде продолжен од 9 на 12 месеци. Како што изјавил Панагиотопулос, на тој начин значајно ќе бидат зајакнати вооружените сили. Министерот Панагиотопулос го објави тоа во неделата, истакнувајќи дека ќе се зголеми број на професионални офицери и бројот на студенти во воените школи, пренесе „Грик рипортер“. Во исто време, Панагиотопулос не прецизирал кога би можело да се случи тоа, но се претпоставува дека ќе биде на почетокот на 2021 година.

Подгорица – Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот „ЦдМ“, е недостапен за другите пациенти во Црна Гора. Повикувајќи се на своите откритија, порталот од Подгорица пишува дека неговите неименувани извори велат дека митрополитот е „привилегиран во однос на другите пациенти, кои сè уште немаат можност да се лекуваат со терапија со ’ремдесивир‘“.

Атина – Грција започна да поставува огромна челична ограда долга 27 километри и воени посматрачници во Еврос, ударна точка на таканаречената балканска мигрантска маршрута на границата со Турција. Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, проектот ќе биде завршен во април 2021 година и по висина ги надминува другите огради во Европа и на границата меѓу САД и Мексико.


Бисер балкански

Д-р Бранимир Несторовиќ: Короната им здодеа и на господ и на народот

Српскиот пулмолог, д-р Бранимир Несторовиќ, вели дека доколку некој треба да се зарази од корона, сега е најдобриот период, бидејќи вирусот е релативно слаб и има помалку тешки случаи. Такви во светски рамки се само еден процент, пренесуваат српските медиуми. Познатиот српски пулмолог дополнително во гостување на телевизија изјави и дека короната им здодеала и на господ и на народот.