Белград – Директорот на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија, доктор Марко Ерцеговац, соопшти дека околу една третина од здравствените работници во таа институција се заразени со коронавирусот, но дека повеќето имаат полесна клиничка слика. („Новости“)

Загреб – Бројот на новозаразени и смртни случаи од коронавирусот во Хрватска сѐ уште е многу голем, но охрабрува фактот дека во последните седум дена има 6,5 проценти помалку заразени, изјави премиерот Андреј Пленковиќ.
Пленковиќ за денеска најави нови пакет мерки за спречување на ширењето на вирусот и предупреди дека ниту една мерка не може да биде успешна без соработка на сите граѓани. („Хина“)


Бисер балкански

Балканот на Балканците

– Балканот не е толку голем простор за ние Балканците да не можеме да се разбереме и да ја сфатиме потребата за поблиска соработка и комуникација. Со потврдување на договорот, Србија испраќа порака дека економски е силна и има повеќе да понуди. Се прашувам зошто некому би му пречело луѓето слободно да се движат и полесно да патуваат. Против овој договор се тие што не веруваат и кои мислат дека интегративната моќ на Србија е помала и послаба од таа на Албанија – рече Александар Вулин, министер за внатрешни работи на Србија, кој од собраниската говорница ги повика пратениците да ги поддржат иницијативата на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата порака за „Балканот на Балканците“.