По три мандати, Едмонд Темелко загуби на локалните избори што се одржаа вчера во Албанија. За нов градоначалник на Пустец е избран Пали Колефски од Алијансата за европска Албанија.

Според првичните резултати, Колефски освоил 1.505 гласови, а Темелко 859.

Темелко во февруари 2016 година, по налог на специјалното јавно обвинителство беше уапсен од македонската полиција и одведен на сослушување во кривичниот суд за случајот „Титаник“ во кој е осомничен за злосторничко здружување и за повреда на избирачкото право.
 

Според резултатите на изборната комисија, Пустец, општина со доминантно македонско население во Албанија, е општина со најголем одѕив на гласачите со 55,44 отсто или 7.724 гласачи.