Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос повика на будност во одбрана на социјалната правда и солидарност, со цел Европа да не стане никогаш повеќе мрачен континент, како резултат на силите на нацизмот и фашизмот, со загрозување на парламентарната демократија.

– Нацистичките и фашистичките формации, како и останатите популистички сили кои, истотака, се закануваат на парламентарната демократија, а се во пораст во разни земји-членки на ЕУ, се причина за загриженост – предупредува грчкиот претседател, а пренесе агенцијата „АНА“.

Осврнувајќи се на улогата на Грција во регионот, Павлопулос изјави дека Грција е мирољубива земја којашто верува во пријателството и добрососедските односи, под услов целосно почитување на меѓународното и европското право.