Цариници во Бар откриле голема количина на кокаин при контролира на контејнери со банани испорачани од Еквадор, објавија црногорските медиуми. 

Радио-телевизија Црна Гора наведе дека се уште не е утврдена точната количина кокаин.

Според весникот „Вјести“, дрогата на царинскиот терминал била откриена од страна на службениците на Царинската управа, а кокаинот бил пронајден во контејнер „Маерск”.