Граничната полиција на БиХ откри седум илегални мигранти сокриени во камиони од Бугарија и Молдавија.

Тие беа откриени вчера на меѓународните гранични премини Рача и Каракај, објави Klix.ba.

Станува збор за шест Авганистанци и еден Пакистанец, кои беа скриени во товарни моторни возила, со национални ознаки на Бугарија и Молдавија.