Лидерот на коалицијата „ За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ изјави дека режимот паднал, а ширум Црна Гора граѓаните прославуваат.

Во Беране во центарот на градот се насобрани голем број граѓани кои пејат и го слават поразот на ДПС.

– Мило Ѓукановиќ мора да прифати онака како што одлучи народот. Ова е најсилната победа во нашите животи – рече Марко Милачиќ, кандидат за пратеник од коалицијата „За иднината на Црна Гора“.

– Сакам од овде да го повикам Ѓукановиќ еднаш во животот да биде зрел човек, да биде нормален човек и ова да го прифати онака како народот го одлучи. Нека ни е среќна победата. Останете дома, има време за славење, 30 години го чекавме ова, ќе прославиме како што треба – рече Милачиќ на прес-конференцијата во Црна Гора.

На новинарско прашање што ќе се случи ако до утре ДПС прогласи побед и каже дека може да формира влада, Милачиќ рече:

– Нема да прогласи победа, резултатите се потполно јасни, Слободна Црна Гора одлучи. Ѓукановиќ нека ги пакува куферите и во политичка и во секоја смисла – рече тој.