По наредба на турското Обвинителство денеска во 18 окрузи се спроведува операција против осомничени лица поврзани со организацијата на Фетулах Ѓулен.

Издадени се налози за апсење на 25 кандидати за судии и 13 адвокати.

Во Турција досега се уапсени повеќе од 38.000 луѓе, а околу 110.000 јавни службеници добија отказ под обвинение дека се поврзани со Фетулах Ѓулен, кој според Анкара е организатор на воениот удар во 2016 година.