Загрижувачки информации од здравствените балкански центри

Новиот сој на коронавирусот наречен омикрон, кој неодамна се појави во Јужна Африка, полека се приближува во земјите од регионот, а во некои од нив се бележат првите инфекции од истиот тој. Имено, Словенија, Хрватска, Романија, Грција и Црна Гора оваа недела веќе ги регистрираа првите случаи на оваа опасна инфлуенца, која е неколкупати појака во трансмисијата меѓу луѓето. Како што пренесуваат медиумите, засега состојбите на заразените лица се стабилни, а пациентите немаат потешки здравствени проблеми. Во исто време, црногорските здравствени власти вчера информираа дека во земјата е идентификувано едно семејство чиј член неодамна пристигнал од Јоханесбург и е позитивен на новиот сој.
– Сите контакти се во изолација. Сите членови на семејството се во добра општа состојба, со благи симптоми – се вели во соопштението на Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Подготвил: Дејан Србиновски