Целото подрачје на Јадранот во Хрватска денеска е зафатено од невреме во кое ветерот корне дрва, почнале и поплави, а локалните медиуми јавуваат дека најлошото допрва доаѓа затоа што и за денеска се прогнозира обилен дожд кој ќе предизвика поплави.

Вчера дојде најавеното влошување на времето, со дожд кој во поголемиот дел од Хрватска бил обилен, а на некои места предизвикал и поплави, јавуваат хрватските медиуми.

Најлошо било во Горски котар кај Делнице, каде поради поплава на пат синоќа бил прекинат сообраќај, како и на Равна Гора, додека на подрачјето на Дубровник ветерот корнел стебла.

Вчера и во текот на ноќта повеќе граѓани пријавиле одрони на Јадранската магистрала на дубровничкото подрачје, паднати стебла, искршени гранки и паднати столбови како последица на силниот ветер и дожд.

Исто така имало неколку дојави за пожари на електрични столбови, поради што во некои подрачја немало струја, јави „Дубровачки вјесник“.