Од Европската комисија соопштија дека работат на предлог што би ги променил сегашните препораки со кои се забранети неприоритетните патувања на граѓаните од Западен Балкан во ЕУ.
– Работиме на промена на овие препораки. ЕК работи на нов предлог за да дојде до промена на ситуацијата за патниците од земјите од Западен Балкан – вели портпаролот на ЕК, Адалбер Јанз.
Од ЕК претходно порачаа дека се работи на тоа дигиталните зелени сертификати, кои би требало да ја олеснат слободата на движење во ЕУ, да станат функционални пред почетокот на летото. Планирано е европските сертификати за вакцинација со која било вакцина против ковид-19, за поседување ПЦР-тест или антитела да се прошират и на граѓаните од третите земји, а се работи и на меѓусебно признавање на сертификатите меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.