Грчките власти денеска соопштија дека околу двесте мигранти преминале на грчка територија преку североисточната копнена граница со Турција.

Како што пренесуваат медиумите, тоа е невообичаено голем број мигранти во таа област за само еден ден.

Полицијата соопшти дека меѓу мигрантите претежно се семејства со деца.

Мигрантите изјавиле дека ја поминале реката Марица, чиј водостој бил низок.

Засега не е познато од кои земји се мигрантите, како и колкав е бројот на децата меѓу нив.

Тие со автобуси ќе бидат префрлени во полициска станица.