Во Грција во следните денови се очекуваат високи температури кои ќе достигнат 40 Целзиусови степени.

Според прогнозите, се очекува пораст на температурите во западните, централните и северните делови од Грција, а најтопло ќе биде в петок, со температури до 40 степени.

За време на викендот се прогнозираат за два до четири степени пониски температури, пренесе грчката агенција „АНА“.

И во првите денови од следната недела, меторолозите најавуваат исклучително високи температури.