Вкупната помош од ЕУ за справување со миграциската криза во Грција достигна 1,69 милијарди евра, покажуваат последните податоци на Европската комисија.

Од оваа сума, грчките власти добиле 794 милиони евра, Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) – 506,67 милиони, Меѓународната организација за миграција (ИОМ) – 119,7 милиони, Европската канцеларија за поддршка на азилот – 26 милиони, а разни меѓународни невладини организации партнери на ЕК добиле 201 милиони евра.

Од вкупните средства досега нераспределени се 44,6 милиони.