Одлуката за неуспешната постапка за формирање влада на Пламен Николов од партијата „Има таков народ“ (ИТН) е донесена од втор обид од страна на бугарските пратеници.

Вкупно 105 пратеници гласаа „за”, 60 „против”, а еден беше „воздржан”. Пратениците на „Има таков народ” не беа присутни во салата за гласање.

Бугарскиот претседател Румен Радев сега може да ја продолжи постапката за доделување на мандат на втората партија според бројот на освоени гласови на последните избори, ГЕРБ на поранешниот поранешниот премиер Бојко Борисов, во новиот обид за формирање влада.

Филип Станев од ИТН истакна дека партијата нема да поддржи нов мандат, што според бугарските аналитичари го отвора патот за нови предвремени парламентарни избори.