Судот му определи притвор на српскиот режисер, сценарист и професор по глума Мирослав Мика Алексиќ кој попладнево беше сослушан пред Вишото јавно обвинителство. Тој ги негирал обвиненијата за силување поднесени од српската актерка Милена Радуловиќ и други негови ученички во школата за глума.

Тој е обвинет за осум кривични дела силување и седум кривични дела сексуално вознемирување извршени во периодот од 2008 до 2020 година.

Осомничен е за силување и сексуално вознемирување на шест женски лица, а некои од нив во времето на извршување на кривичното дело биле малолетни.

На Алексиќ му се заканува казна затвор од 15 години.