Пожарникари на Крит се борат со огромен пожар, обидувајќи се да го спречат да не стигне до блиската населба, јавува грчкиот весник „Екатимерини”. 

Во моментов има 14 противпожарни камиони и 30 пожарникари на теренот, како и противпожарен хеликоптер. 

Локалните власти испратија волонтери за да помогнат во гаснењето на пожарот, а на располагање ги дадоа и своите ресурси, наведува „Екатимерини“.