По вчерашното пронаоѓање на 12-годишната Моника Каримановиќ, куќата во селото Пасјач, каде што таа била со осудениот педофил Нинослав Јовановиќ, останува запечатена од полицијата.

Репортер од српски „Блиц“ успеал да направи обиколка на куќата и таму регистрирал многу предмети за кои се претпоставува дека ги користеле Моника и нејзиниот киднапер, што укажува и на тоа дека во оваа куќа веројатно се задржале подолго време. На едно место може да се види и скршено стакло од прозорците, а се верува дека Јовановиќ, познат како „Малчанскиот бербер“ го разбил истото при неговото бегство.

Полицијата била многу блиску до него, но, според зборовите на државната секретарка во Министерството за внатрешни работи, Билјана Поповиќ Ивковиќ, злосториникот побегнал само неколку минути пред тие да пристигнат.

Внатре биле пронајдени расфрлани предмети – кревет покриен со ќебиња, но и голема количина садови.

Ова може да укаже на тоа дека девојчето и киднаперот престојувале во куќата долго време, бидејќи била опремена за подолг престој, иако сопственикот на истата рекол дека станува збор за викендица која не ја користи често.

Имало крпи, но и облека, најмногу џемпери и јакни што веројатно ги носеле и двајцата за да се загреат, бидејќи, како што пренесоа српските медиуми, вчера бил најстудениот ден од почетокот на потрагата која траеше десетина дена.

Видеото од обиколката на куќата погледнете го на следниот линк.