Обилните дождови предизвикаа поплави во северозападниот дел на Република Српска, а кај Бања Лука дојде до излевање на едно вештачко езеро.

Најтешко се погодени шест населби во Приједор каде се поплавени десетина објекти.

Прогласен е прв степен на готовност за заштита од поплави поради зголемување на нивото на три реки, наведе РТРС.

Поради обилните дождови и поплави заседува градскиот штаб за вонредни ситуации.

Од Mинистерството за здравство во земјата велат дека поради невремето учениците од неколку училишта се ослободени од настава. На патот Бања Лука-Челинац, во местото Зелен Вир водата од вештачкото езеро поплави дел од пругата, што го доведе во прашање целокупниот железнички сообраќај во овој дел од БиХ.

На неколку локации во Бања Лука водата се прелеа на улиците. Во Бања Лука од вчера напладне паднале 43 литри дожд на метар квадратен.

Се очекува утре да престанат интензивните врнежи во БиХ.