Во главниот град на Бугарија имаше обид за организирање на  т.н. Луков марш  од страна на различните бугарски националистички групи во спомен на генералот Христо Николов Луков.  Меѓутоа маршот беше прекинат од страна на градоначалничката на Софија.

Луковиот марш се организира од 2003 година од страна на крајно десничарската неформална организација Бугарски национален сојуз предводена од Звездомир Андронов. Ова групација се обвинува за ширење на неофашистички, неонацистички, расистички и хомофобични идеи.

Минатат година софиските градски власти го забранија споменатиот марш, меѓутоа оваа година тоа не го сторија. Бугарскиот национален сојуз го закажаа за маршот  под мотото „Ние не капитулираме“ и во центарот на Софија со факели во рацете се групираа повеќе лица со намера да маршираат низ улиците на Софија.

Според софиската градоначалничка Јорданка Фандакова, групите требало да се соберат пред куќата на генералот Луков и да положат цвеќе, меѓутоа не и да маршираат низ Софија. Таа издаде наредба за забрана на собирот, по што силите за безбедност ги разделија насобраните групи. Во спомен на Луков, од 2003 година,

Непосредно пред Луковиот марш, пред Музејот за историја во Софија, се собра друга група на луѓе под мотото „Без нацисти на нашите улици“. Според агенцијата БГНЕС, оваа група на граѓани порачала дека треба да се чуе и другиот глас, оној на човечноста и солидарноста, оној против фашизмот. Во оваа група имаше и пратеник од бугарската Левица и еден бугарски европратеник. Овој собир се одржува секоја година, како собир против манифестациите на неонацизмот и фашизмот во бугарското општество.

Христо Николов Луков беше бугарски генерал и министер за војна на Царството Бугарија во периодот 1935 – 1938 година. Тој е раководител на крајно десничарската организација Сојуз на бугарските национални легии и имал блиски односи со водачите на Нацистичка Германија. Со својата дејност го промовирал нацизмот во Бугарија.