Специјализираното обвинителство на Косово со седиште во Хаг го извести судот дека има неколку изјави на 103 сведоци против Хашим Тачи и другите членови на ОВК. Се тврди дека обвинението се темели на нивните сведоштва, меѓу другите докази.

Во пресрет на статусната конференција што ќе се одржи денеска, обвинителството посочи дека има 1.842 докази против нив, што ќе ги презентира за време на претстојното судење на Тачи и другите.

Покрај 103 сведоци, обвинителството наведува дека уште 50-ина можат да сведочат во овој процес и забележува дека за време на судењето, тие би можеле да пронајдат и повеќе докази во зависност од текот на истрагата. Обвинителството исто така има повеќе од 40.000 страници докази, извештаи, фотографии, повеќе од 20 часа аудио материјал.

Покрај Тачи, за обвинението на Специјализираниот обвинител се и Јакуп Красниќи, Кадри Весељи и Реџеп Селими.