Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со јачина од 5,1 степен по рихтеровата скала ја погоди провинцијата Елазиг во источниот дел на земјата. Според податоците, епицентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од околу седум километри.

Засега нема информации за потенцијални жртви и материјална штета.

Вчера земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала исто така ја погоди оваа провинција.

Потресот се почувствувал и во соседните земји – Сирија, Либан и Иран. Во земјотресот загинаа 22 луѓе.