Уште еден земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија. Потресот бил регистриран во 15 часот и 45 минути, а бил почувствуван на целата територија на нашата земја.

Епицентарот на земјотресот бил во Јадранско Море, на длабочина од 10 километри.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на земјата (Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово) и со интензитет од III-IV степени во Скопје, Кичево, Битола и Ресен.

Во земјотресот што вчера ја погоди Албанија со интензитет од 6,4 степени загинаа најмалку 31 човек, а над 650 се повредени. Спасувачката акција сè уште трае.