Земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, што е втор силен земјотрес во регионот во последните две недели.

Епицентарот на земјотресот бил во морето, 77 километри јужно од критската општина Вијанос, на длабочина од 15,1 километар, пренесе агенцијата АНА.

Се верува дека најновиот земјотрес е поврзан со сеизмичките настани во последните неколку недели.

На 2 мај, регионот беше потресен од земјотрес со јачина од шест степени.