Во Загреб околу 16.16 часот бил почувствуван уште еден земјотрес, кој е шестти по ред од изутринава, пренесуваат локалните медиуми.

Според информациите, пријавени се оштетувања на повеќе од 600 згради. Во обиколка на Загреб се испратени 55 тимови со повеќе од 150 луѓе.

Хрватската потпретседателка на Европската комисија, Дубравка Шуица вели дека разговарала со колегите од комисијата и најави дека најверојатно ќе се активира европскиот систем за борба против природните катастрофи и механизмот за цивилна заштита.

Загреб рано утрово беше погоден од серија на земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 5,5 степени.Силните земјотреси предизвикаа паника кај граѓаните кои излегле од своите домови и се засолниле на места за кои сметале дека се безбедни.