Министрите за внатрешни работи на Албанија и на Црна Гора, Фатмир Џафај и Мелвудин Нухоџиќ во Скадар потпишаа спогодба за отворање нов граничен премин  на албанско- црногорската граница.

Граничниот премин Зогај (Албанија) – Цкла (Црна Гора) ќе функционира за меѓународен патнички сообраќај и патници. На истиот ќе има заедничка контрола која ќе биде лоцирана на црногорска страна, на местото Цкла (кај Бар) на патниот правец Острос-Широко-Скадар.

Како што оценија министрите заедничкото функционирање на контролата ќе го олесни протокот на патници и возила, трговската размена и развој на туризмот.  

Од средината на 2009 година, заедничка контрола функционира и на граничниот премин Хан Хоти-Муриќан, изграден со финансиски средства на ЕУ, што беше прв граничен премин на Балканот кој профункционира на овој начин.

Инаку, во северниот албански град Скадар денеска заедничка седница одржаа владите на Албанија и на Црна Гора, а попладнево во тек е економски форум.