Хрватската Дирекција за борба против корупцијата (УСКОК) поднесе ново обвинение против загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, станува збор за две нови обвиненија од аферата „Аграм“. Првото е во врска со работата на компанијата „Це-За-Р“ во која, според тврдењата на УСКОК, е оштетена загребска „Чистоќа“. Второто е во врска со претседателската кампања на Бандиќ од 2009 година.

УСКОК уште од 2015 година поднесе обвинение против загрепскиот градоначалник и 15 негови соработници, но дури по две години загрепскиот Жупаниски суд потврди седум точки од обвинението, а три врати на доработка во Обвинителството.

Сега УСКОК го доработи обвинението, покрена нови и побара да се присоедини со списите на аферата „Аграм“, за која почна судењето.