Утрово се регистрирани два нови земјотреси со епицентар кај Петриња со јачина од 3,7 и 3,3 степени според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес со јачина од 3,7 степени се случил во 4:55 часот, а вториот во 5:19 часот, според извештајот на Сеизмолошката служба.

Земјотресите биле почувствувани и во Загреб.

Тлото кај Петриња не престанува да се тресе по разорниот земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој ја погоди областа на 29 декември минатата година.