Првата група на 27-та бугарска антарктичка експедиција замина на Јужниот Пол, каде што ќе престојува во базата „Св. Климент Охридски“, која ќе работи на истражување на морскиот екосистем, објави БНТ.

Министерството за образование и наука на Бугарија обезбеди средства за целосно функционирање на инфраструктурата во износ од 300.000 лева, наменети за изградба на нова модерна опремена научна лабораторија на Антарктикот, објави прес-центарот на Министерството за образование и наука на Република Бугарија.

На островот Ливингстон ќе престојува логистичкиот тим од осум лица, заедно со двајца биолози. Раководителката на проектот, Радица Зидарова, рече дека тимот научници ќе ги испитуваат процесите на колонизација на алгите на јужниот брег на островот, во услови на глобалните климатски промени. Вториот проект е поврзан со хидробиолошкиот мониторинг на крајбрежните морски води и негов раководител е Љубен Кендеров од Биолошкиот факултет во Софија.

Во декември и во јануари ќе пристигнат и ќе останат другите три групи учесници на 27-та бугарска антарктичка експедиција. Во нив се вклучуваат научници што работат на други проекти.