Висок претставник во БиХ предупредува

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, го коментираше појавувањето на нон-пејперот за Балканот и предупреди на опасноста од распад на Босна.

– Никој не смее да ја отвори Пандорината кутија. Не дозволувајте тоа да се случи – рече Инцко во изјавата за австрискиот дневен весник „Клајн цајтунг“.

Тој исто така рече дека големи поместувања на границите може да имаат далекосежни тешки последици.

За него, вели тој, ситуацијата е јасна, а тоа е дека распадот или излегувањето од државата БиХ не е можно.

– Никогаш не би потпишал такво нешто – рече тој.

Според него, на БиХ ѝ треба подолгорочен пристап, бидејќи ѝ е потребно време за да закрепне од војната и од стотиците илјади убиени.