Википедија на црногорски јазик засега не може да биде одобрена бидејќи јазичкиот комитет на Википедија (LangCom) дал негативно мислење и сметаат дека црногорскиот јазик, како српскиот, хрватскиот и бошњачкиот, е гранка на српско-хрватскиот јазик. Таму оценуваат дека постоечките Википедии на тие три јазици се разбирливи за сите четири народи, јави РТЦГ.

Таа информација ја нагласи во интерју за Побједа, публицистот Слободан Јовановиќ кој е дел од тричлен тим задолжен за воспоставување Википедија на црногорски казик.

– Тоа го доживуваме како дискриминација, наведе Јовановиќ.

Црногорскиот тим директно со поддршка од институции во државата ќе се обрати до основачот на Википедија со „многу силна аргументација“. Јовановиќ додава дека иако Википедија спаѓа во институција што е слободна и не е поврзана со државни институции, сметаат дека е многу важно да државата Црна Гора биде вклучена во тој процес.