Антиелитистичката паритија „Има таков народ“ (ИТН) основана од шоуменот Слави Трифонов има блага предност пред ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, но нема јасен победник на парламентантарните избори во Бугарија, покажаа излезните анкети.

ИТН освоил 23,2 отсто од гласовите, пред ГЕРБ со собрани 23 отсто, според истражувањето на „Галуп Интернешнл“.

ИТН може да биде подобро позициониран, но се соочува со можни повеќенеделни разговори формирање коалиција, додека ГЕРБ бргу призна дека мали се шансите за враќање на партијата во владата.

Постојат изгледи за одржување на нови избори, што би значело дека Бугарија би можела да се соочи со тешкотии при добивањето на финансискиот пакет на ЕУ за економско закрепнување од пандемијата.