Независниот синдикат на вработените најави целодневен штрајк на приштинскиот аеродром в среда, 21 август.

Вработените на аеродромот денеска штрајкуваа еден час, а за утре е најавен прекин на работата од 8 до 10 часот.

Меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина, пак, соопшти дека и покрај најавениот штрајк на вработените сите летови меѓу 19 и 21 август ќе бидат реализирани.