Последниот ден од старата и првиот ден од Новата година Грција беше зафатена од обилни врнежи на дожд, студен бран и снег на планините. Невремето коа го доби името „Рафаил“, полека си заминува, но на негово место од вечерните часови доаѓа „Софија“, што исто така ќе донесе, снег, дожд и ниски температури.

Според метеоролозите во Грција, од вечерните часови, па сè до петок се очекува нов пад на температурата и обилни врнежи од дожд и снег во целата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Генералниот секретаријат за цивилна заштита соопштија дека се подготвени доколку биде потребно да интервенираат, додека пак од граѓаните бараат посебна внимателност и ги потсетуваат на мерките што треба да ги преземат за да се заштитат од невремето.