Силно невреме го погоди вчера Загреб и предизвика големи штети. Според медиумите, во невремето минатата ноќ паднале повеќе дрва, оштетени се голем број коли и кампови. Пожарникарите биле повикани на десетици интервенции.

Како што известуваат медиумите, бурата носела се пред себе и за многу кратко време направила огромна штета.

Бројни дрвја се урнале од силниот ветар, а според Задарски.хр голема штета претрпел новиот камп во Борик, каде се оштетени камп куќички и сместувачки капацитети.

Неколку автомобили се оштетени од гранките и дрвјата што паднале, а доцна во ноќта, градоначалникот на градот, Бранко Дукиќ ги обиколил местата коишто се најпогодени од невремето.

Задарските пожарникари имале десетици интервенции.