Дожд и силен ветер ја зафатија Грција, во невремето во кое потопени се улиците и плажите во повеќе познати летувалишта, каков што е случајот со Метаморфозис, што може да се забележи на фотографијата што ни ја испратија македонски туристи.

Како и целиот Балкан, и Грција е зафатена од лошото време проследено со поројни дождови, а метеоролошките служби прогнозираат дека таквите временски услови ќе се задржат најмалку до четврток, со температури околу 20-от степен.

Поројните дождови поплавија голем дел од плажите и улиците во Грција, посебно во централниот и северниот дел на земјата.

На грчкиот остров Евија поголемиот дел од плажите се под вода, а во помалите места во Тесалија, но и на полуостровот Пилион поплавени се и улиците.