Фото: Архива

Силно невреме, проследено со силен дожд, грмежи и град, попладнево погоди повеќе градови во Србија.

Меѓу најпогодените од невремето е општината Бајна Башта во западна Србија.

Како што јавуваат локалните медиуми, невреме проследено со град со големина на јајце и силен ветер погоди делови од општината Рашка.

Силен дожд со град има во Кралево. Републичкиот хидрометеоролошки институт издаде итно предупредување за силен дожд, грмежи и град во Уб, Обреновац, Сјеница и на потегот од Приштина до Куршумлија.

Градот предизвика најголема штета во Баљевац и Билјановац во општина Рашка, каде што беа оштетени овошни насади, автомобили и покриви.