Во Загреб денес имало силно невреме проследено со дожд и грмежи, а во две куќи избувнал пожар поради удар на гром.

„Индекс.хр“ наведува дека напладне црни облаци се појавиле над Загреб, а потоа молњи го зафатиле небото над поголемиот дел од хрватската престолнина.

Пожарникарите ги гаснат пожарите што избувнале во две куќи по ударот на гром, а „Јутарњи“ вели дека едно дрво се срушило во центарот на Загреб.