При акција на островот Крит, грчката полиција откри 15 плантажи со насади од канабис, јави ДПА. 

Акцијата во која учествувале припадници на специјалната полиција и еден полициски хеликоптер, била спроведена во планинските предели во близина на летувалиштето Ретимно. 

Оваа полициска акција следува откако минатата недела полицијата на Крит уапси три лица под обвинение за одгледување канабис.

По Албанија, Грција е втор најголем рпозводител на канабис во Европа.