фото: илустрација

Дрога, чија улична вредност се проценува на повеќе од сто милиони евра, запленета е на пристаништето Ираклион на Крит.

Грчаката крајбрежна стража соопшти дека бродот „Нока“, кој пловел под сириско знаме, превезувал над шест тони хашиш и преку три милиони таблети од халуциногената дрога „каптагон“, познати и како „џихадистичка дрога“.

Дрогата била скриена во 18 контејнери.

Бродот испловил од Сирија, а крајна дестинација била либискиот град Бенгази.

Единаесетчлениот екипаж, составен од десет Сиријци и еден Индиец, изјави дека не знаеле за илегалниот товар.

Според грчката крајбрежна стража дел од дрогата би завршил на нарко пазарите во Европа.