Во текот на викендот две лица загинаа, од кои едниот пожарникар, а најмалку 20 лица беа префрлени во болниците поради повреди од опожарени објекти, додека беше наложена дополнителна евакуација на населението. Илјадници луѓе ги напуштија своите домови на грчкиот остров Евија, бидејќи огнот се шири неконтролирано шести ден по ред, а траектите се подготвени да евакуираат повеќе луѓе доколку е потребно, информираа медиумите во Грција. Пожарите се проширија од едниот до другиот крај на вториот по големина грчки остров. Гори и на Пелопонез.
Во земјата и натаму беснеат неколку десетици пожари, во кои изгореа голем број домови, фирми и земјоделски имоти. Пожарите се предизвикани од високите температури во Грција.
Во предградие на Атина загина волонтер пожарникар, врз кого падна електричен столб. Најмалку 20 лица, од кои четворица пожарникари, се хоспитализирани поради повреди, а двајца се на интензивна нега.
Во гасењето на пожарите што беснеат во многу области низ Албанија се вклучени хеликоптери од Холандија и од Чешка, информира Министерството за одбрана.
Во земјата се активни повеќе пожари, некои од нив реактивирани, но ситуацијата е под контрола, се наведува во соопштението на Министерството.
Состојбата е најкритична на островот Карабрун, каде што пожарот е активен со денови. Во изминатите две недели се изгасени околу 140 пожари, а активни се петнаесетина. Поради сомнеж дека предизвикале пожари, кривични пријави се поднесени против 11 лица.